Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
Судот во Струга му изрече парична казна од 5 илјади евра на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко за поставување спомен обележје - плоча на влезот на општинската зграда со што поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите бидејќи содржината го слави периодот кога Струга била под фашистичка окупација.
Судијата Јованов истакна дека станува збор за дело во кое немало никаков конфликт или инциденти за она што претствувала плочата па поради тоа изречена е парична казна.
Против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, поднесени се вкупно 9 обвиненија. Поради зголемениот број на судски постапки и опасност од бегство, кон крајот на декември 2024 година, на Мерко му беше одземен пасошот.
Дополнително, овој месец, полицијата поднесе и нова кривична пријава против него за несовесно работење поврзано со незаконско издавање одобрение за градба во Струга.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
