Македонија
30. September 2026 - 16:35

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски

Набавката на апаратите за игри на среќа и правото Државна лотарија сама да ги приредува овие игри се законски, тврди адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува првообвинетиот и поранешен директор на Лотарија, Перпарим Бајрами.

Потсетувајќи на обвинението со кое освен Бајрами се опфатени и поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште шест други лица, Миланов истакнува дека во целиот предмет воопшто не се тврди дека некој од обвинетите се стекнал со противправна имотна корист.

Наводната штета од 9,7 милиони евра за која се товарат обвинетите всушност е самата вредност на платените апарати, кои и денес се наоѓаат во сопственост на Државна лотарија.