Прв академски час на АУЕ-ФОН
Во свет во кој еден промпт може да стане идеја, еден „hook“ да привлече внимание, а еден клик да отвори нова можност, АУЕ-ФОН не сака само да ги следи промените – туку и да биде дел од нив.
Од графички дизајн до вештачка интелигенција, од првиот скрол до моментот кога идејата станува реалност – знаењето, технологијата и луѓето се поврзуваат за да го создадат следното надоградување. А токму создавањето нови можности за студентите и дипломците е дел од визијата на ФОН.
Денеска ФОН ги отвори вратите за нови студенти, а испрати и цела генерација дипломци.
Но, приказната не завршува со дипломата. Напротив – таа е почеток на ново поглавје. ФОН ги поврзува своите студенти со нови академски средини и отвора можности за соработка со универзитети и компании.
Преку овие партнерства, студентите и дипломците можат да стекнат нови искуства, да разменуваат знаења и да се запознаат со различни академски и професионални практики.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
