Македонија
9. October 2026 - 19:42

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Доживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски. Прогласен е за виновен за четири убиства на жени и два обиди за убиства во регионот на Старо Нагоричане. Ги извршувал од почеток на 2025-та до февруари 2026-та година.

Жените ги демнел, ги напаѓал, убивал, па силувал. Според судијата, станува збор за еден од најсериозните и најгромозорните случи во поновата историја на судството во Македонија. Обвинителството е задоволно од пресудата.

Бојковски од судница со полициско возило се врати зад решетки и има рок од  15 дена да се жали на одлуката.  Во меѓувреме, обвинителството се уште прибира податоци за двајца доктори - мртвопроверители од Куманово бидејќи никој не утврдил дека жените се убиени па силувани, туку биле закопувани без обдукција и обвинител.

Бојковски денеска со полициско возило се врати зад решетки. Има рок од 15 дена да ја обжали одлуката, пред да стане правосилна.