Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
Повеќе од половина од македонските граѓани главно се задоволни од квалитетот на животот, покажува најновата анкета на Маркет Вижн спроведена на крајот од минатиот месец.
Според неа, 57,5% од анкетираните одговориле позитивно на ова прашање. Од нив, нешто под 7% се многу задоволни од квалитетот на живот а нешто над 50% рекле дека се главно задоволни.
Околу 41% од анкетираните не се здоволни од квалитетот на живот. Од нив околу 16,5% се воопшто незадоволни.
Во врска со прославата на независноста една четвртина од граѓаните рекле дека прославата им се допаднала и дека вредела за потрошените пари.
Над 15% се на ставот дека прославата била добра но 5 милиони евра за неа е висока цена.
Нешто под 20% сметаат дека парите требало да се потрошат за други, поважни работи додека 10 се на ставот дека прославата била прескапа а трошењето нетранспарентно.
МКД.мк и вчера објави анкета според која на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа.
Анкетата покажува дека владејачката партија во моментов има над 3,5 пати поголема поддршка додека премиерот Мицкоски со над 20% доверба е убедливо најпопуларен политичар пред Филипче кој има поддршка од 3,8% од граѓаните.
Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 11 до 27 септември годинава врз репреззентативен примерок од 1200 испитаници со маргина на грешка од 3%.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
