ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија. Годинава се очекува БДП да порасне 3,5 отсто, наспроти претходните проекции од 3,1 процент. Со овие бројки, нашата, заедно со Албанија и Косово ќе бидат меѓу земјите со највисок раст во регионот. Сепак инфлацијата ќе биде повисока од владините очекувања, како и нивото на буџетски дефицит. За оваа, ММФ прогнозира инфлација од 4 отсто и дефицит од 5,8 %. Во најновиот извештај Фондот ја зголеми прогнозата и за раст на светската економија од 3,1 отсто. Инвестициите во вештачката интелегенција ги компенизираат загубите од војната на Блискиот Исток. Сепак, економиите ќе растат побавно, а инфлацијата ќе забрза и ќе се зголеми на 4,7 отсто годинава. Ќе растат и трошоците за задолжување. Затоа ММФ со препорака до креаторите на политиките – да го обноват фискалниот простор и ако преземаат мерки, тие да бидат повремени и таргетирани.
„Фискалната плитика треба да биде воздржана, за да се ограничат притисоците врз побарувачката во услови на изразени инфлациски ризици. Земјите со високо ниво на јавен долг и буџетски дефицит треба да започнат со фискална консолидација и да обезбедат дефицитот, а со тек на време и долгот, да се движат во надолна траекторија. Доколку е потребна поддршка, мерките да бидат привремени и насочени кон заштита на најранливите категории граѓани, притоа зачувувајќи ги ценовните сигнали на пазарот.“, велат од ММФ.
Проекциите ММФ ги темели на повторно отворање на Ормусткиот теснец во март 2027-та година. Се претпоставува дека цените на нафтата во 2026-та ќе изнесуваат во просек околу 96 долари за барел и речиси 87 долари во 2027-та. Ако конфликтот на Блискиот Исток се продлабочи, цените на суровата нафта, гасот, дизелот како и керозинот за авионско гориво, ќе забележат остар раст. Тоа неминовно ќе ги зголеми цените и на останатите производи.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
