Македонија
22. October 2026 - 16:48

28 питомци со свечена воена заклетва

Станувањето рано наутро, утринското вежбање и градењето челична дисциплина се основа за создавање успешен офицер.

Водена од желбата да и служи на својата татковина, питомката Софија Ристеска го избра патот на воена професија - пат исполнет со предизвици, одрекувања но и постојано надминување на сопствените граници.

За Софија, Воната академија не е само место каде се стекнува знање, туку и средина каде се гради карактерот како офицер.

„Тешко беше, затоа што од еден обичен цивилен живот преминуваме на војнички режим, на кој, се разбира, потешко е да се навикнеш. Но, со текот на времето, заедно, тимски работевме, а нашите командири нè учеа како да работиме и да функционираме во тим. Така, заедно успеавме да ги надминеме сите предизвици. Отсекогаш сакав да ѝ служам на мојата држава и тоа отсекогаш беше моја желба“, изјави питомец, Софија Ристеска.

Софија е една од 28-те питомци кои денеска ја положија свечената воена заклетва.

Питомците велат станувањето во пет часот наутро било една, од потешките обврски за совладување.

На свечената академија надлежните им порачаа униформата да ја носат со гордост, а чиновите со достоинство.

Од 28-те питомци кои положија заклетва најмногу се мажи, 20, а останатите 8 жени.

Вкупно од прва до четвртва година има околу 120 питомци.