И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
Избирачкото место 69 во Амбасадата на Р. Србија во Македонија е една од двете локации каде денеска на вонредните парламентарни избори гласаа српските државјани кои живеат во земјава. Второто избирачко место е во Канцеларијата на почесниот конзул во Куманово.
Според податоците од Републичката изборна комисија за гласање се пријавиле 1.438 граѓани.
Околу пладне пред Амбасадата имаше голем интерес за да се оствари гласачкото право.
Правото на глас во Амбасадата го оствари и Михајло Филев, почесен конзул на Србија во Македонија.
За разлика од Србите, слаб беше интересот од Бугарите во Македонија за гласање на тамошните претседателските избори. Пред амбасадата речиси и да немаше раздвиженост. Само 265 граѓани со бугарско државјанство се пријавиле за да го остварат своето право во земјава за избор на претседател на Бугарија.
Освен во Скопје, заинтересирани за гласање има и во уште 9 општини во Македонија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
