„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
Процесот за приклучување на Македонија кон европскиот систем Роаминг како дома влегува во својата финална фаза. Министерот Андоновски вели преговорите меѓу Скопје и Брисел се на добар пат и се интезивираат. Текстот на предлог договорот од ЕУ е пристигнат и разгледан а Владата веќе ги доставила своите забелешки и законски измени.
Иако одредени скептици во изминатиот период тврдеа дека земјава е изоставена или ставена намаргините во однос на евроинтеграциските дигитални процеси, динамиката на преговори ги демантира таквите обвинувања. Брисел применува пракса на давање пракса на грејс период за телеком операторите да се прилагодат. И покрај оптимизмот дека преговорите и законодавните работи ќе завршат до крајот на годината, министерот не може да го каже датумот кога истото ќе се реализира во пракса.
Според информациите на Сител, ЕК очекува целиот процес да заврши до јуни од кога би се укинал ромаингот на ЕУ со Макеоднија, но веројатно и со другите земји од Западен Балкан.
Граѓаните на Македонија веќе ги уживаат бенефитите од регионалното укинување на роамингот, што им овозможува да зборуваат, испраќаат пораки и да користат мобилен интернет низ сите земји од Западен Балкан без дополнителни трошоци со цени како дома.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
