Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
По обвинувањата од опозициската СДСМ дека реконструираниот студенстки “Стив Наумов” се распаѓа, министерката за образование Весна Јаневска во инспекција во домот.
Претходно од социјалдемократкста младина обвинија дека домот се распаѓа за само еден месец по реконструкцијата и побараа подостоинствени услови за студентите.
Иако и тие беа поканети да дојдат во обиколка на домот со министерката за образование, во закажаниот термин не се појавија.
„Влага, прокиснати соби, нема греење, нема топла вода, а сега и пукнат бојлер! Ама затоа двојно се зголеми партиципацијата за сместување. За што плаќаат студентите 6.600 денари месечно? За дефекти во домот што требаше да биде целосно реновиран!“, рече Стефанија Кузмановска, претседателка на СДММ.
Вчера од студентарија.мк објавија неколку видеа од студенти на кои се гледа дека прокапува вода во една од бањите и силни звуци се слушаат од радијатор.
Министерката рече дека може да се случат вакви ситуации исто како и во новоизгадени станови, а домот бил под гаранција.
„Фирмата е позната, се што треба да поправи, ќе поправи“, рече Јаневска.
Таа покажа и фотографии како изгледал “Стив” во времето кога СДСМ беше на власт.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
