Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
Граѓаните сами да одлучуваат дали придонесите ќе ги уплаќаат само во првиот, државен, пензиски столб или и во вториот, приватен.
Ваква опција реазгледува Владата, откако резултатите од работењето на приватните задолжителни фондови се далеку под очекувањаата.
Според премиерот, приносите на идните пензии биле 3 пати пониски од плановите пред 20-тина години, кога се воведе пензиската реформа.
„Тоа значи дека тие се слаби претприемачи. Не можете вие да ги користите средствата од граѓаните и да не ги оплодувате и да не носите приноси онакви какви што што треба, какви што сте се договориле пред 20 години кога е почнатата оваа реформа и сега некој друг да ви е виновен. Тоа така не оди. Ако сте неуспешен во бизнисот, доаѓа некој друг“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Реформата подразбираше 6% од придонесите кои ги уплаќаат газдите за секој вработен, да се уплаќаат во вториот пензиски столб, а останатите 12,8 во државниот фонд.
Друштвата кои управуваат со 2 столб се очекуваше да им донесат на идните пензионери повисоки приноси, иако најголам дел од парите се обврзани да ги вложуваат во државни хартии од вредност, како најмалку разични, кои носат и најмал принос.
Затоа побараа измени во Законот за задолжително пензиско осигурување, каде би се примениле три порфолија – растечко, балансираноо и конзервативно, а секој член, во зависност од возраста, би го избрал моделот.
Во моментов 2 задолжителен столб брои над 620 илјади членови и управува со над 3 милијарди евра.
-
Наташа Мерсосвка
Сите содржини од овој новинар
