Македонија
2. November 2026 - 12:21

Охрид ја проширува културната понуда

Охрид ја проширува културната понуда во текот на целата година, со цел да го надмине сезонскиот туризам и да привлече посетители надвор од традиционалните летни месеци. Бројните настани и манифестации не само што го збогатуваат општествениот живот во градот, туку придонесуваат и за негова туристичка промоција.

Понудата опфаќа содржини за сите возрасти, со посебен фокус и на најмладите. „Со воведувањето на проектот „Културата расте со децата,секој петок има културна содржина.

Во наредниот период, со обнова и уредување на нови сцени , градот ќе добие дополнителни простори за организирање културни настани, што ќе придонесе за уште побогата и поразновидна културна понуда.