Македонија
2. November 2026 - 16:40

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Претседателката на државата и ја честиташе победата на бугарската колешка.

Со порака напишана на англиски јазик на мрежата ИКС претседателката Сиљановска-Давкова вели со нетрпение дека ја очекува идната соработка заснована на како што наведува заемна почит, отворен дијалог и искрено партнерство.

Честитката од лично име и од името на македонските граѓани е упатена до новоизбраната претседателка и нејзиниот заменик Кирил Валчев.

„Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на најзиниот мандат Бугарија ќе има конструктивна улога во нашиот регион и во Европа. Со добра волја можеме да ги надминеме актуелните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мир, стабилност и просперитет“, Гордана Сиљановска-Давкова.

Инаку според официјалните податоци од централната изборна комисија по вчерашниот втор изборен круг, победата на двојката Јотова Влчев е со освоени 57,58 отсто  од гласовите, односно 1 милион и 90 илјади гласачи додека противкандидатот освои 39,47 отсто.

Од гласањето во Македонија на 7 избирачки места излезноста била највисока од 2022 година па до денес со вкупно 491 гласач.

Поддршката за Јотова изнесувала 51,49 проценти.

Јотова на победничката прес конференција се заблагодари до гласачите но посебна благодарност упати и до премиерот Румен Радев и „Прогресивна Бугарија“ , ветувајќи дека ќе успее да ја надмине политичката поделба во бугарското општество.

Според анализите во бугарските медиуми, вториот изборен круг се претворил во своевиден референдум околу подеблбите за надворешната политика на кандидатите, војната во Украина и односите со Русија.

Пред самото гласање во втор круг, бугарскиот премиер порача дека гласачите ќе избират меѓу војна и мир а според ставовите изнесени во јавноста, Јотова се залага за дијалог со Русија и се противи на воена помош за Украина.

Прашањето за Македонија и евроинтеграциите исто така беше во фокусот на телевизиското соочување на кандидатите кога си упатија остри обвинувања за тоа кој ја загрозил националната позиција на Бугарија.

Јотова ја бранеше линијата на францускиот предлог со кој, тврди дека  тие ја зацврстиле позицијата на државата.