Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
Предвремени парламентарни избори следната година би можеле да бидат политичкиот епилог од изборите во Брвеница, откако ВРЕДИ застана зад кандидатот на опозициската ДУИ, наместо да му даде поддршка на кандидатот на владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ.
Вакви се оцените на дел од политичките аналитичари, кои сметаат дека изборниот расплет може да ја разниша довербата меѓу коалициските партнери и да отвори прашања за иднината на владината коалиција.
Други пак, очекуваат политички тензии, но не и нивно прелевање на национално ниво, освен доколку несогласувањата се продлабочат околу клучни прашања од државен интерес.
Изборите во Брвеница повторно го отворија и прашањето за етничкото гласање.
Според политичките аналитичари, примерите од минатото покажуваат дека етничката припадност сè уште има значајно влијание врз тоа за кого граѓаните ќе го дадат својот глас.
ДУИ извојува победа во Брвеница и со поддршка од ВРЕДИ, но аналитичарот Петар Арсовски смета дека ВРЕДИ ќе остане претпочитан партнер на ВМРО-ДПМНЕ, освен ако не дојде до посериозни политички прегрупирања.
И покрај обвинувањата дека ВРЕДИ одиграла улога на тројански коњ, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека опстанокот на коалицијата не зависи од изборите во Брвеница, туку од исполнувањето на владината програма.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
