Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола. Народната Банка соопшти дека сите граѓани кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат средства на шалтерите.
Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средства ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максимален износ дозволен за повлекување во период од две недели, велат од НБРМ.
В петок и сабота филијалата ќе работи во две смени со цел да се опслужат што е можно поголем број граѓани.
Сепак, не чекајте ред залудно. Исплатата ќе се врши според распоред за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака во која ќе бидат наведени денот и часот кога треба да отидат во филијалата. Оние кои нема да можат во банка да отидат во терминот, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.
Од Алта Банка АД Битола велат дека работат на овозможување на исплата и низ другите градови во државата.
- Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за исплата на готовина, без можнсот за вршење други банкарски трансакции. Во тек се подготовки за овозможување исплата и во други градови низ земајта, за што дополнително и навремено ќе ги известиме клиентите, велат од АЛТА Банка.
За сите оние кои примаат плата или пензија во Алта Банка, а сакаат да префрлат кај некоја од другите банки, ќе мора прво во самата банка да поднесат барање за одјавување. Откако ќе бидат одјавени ќе можат да се префрлат во друга банка. Засега од ПИОМ не откриваат колку граѓани се одјавиле од Алта и своите сметки ги префрлиле во некоја од другите банки.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
