Loading Video...
Свет
4. November 2026 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Демократите ја слават победата  на изборите за  Конгресот на САД. Освоија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот. Републиканците загубија и во сојузни држави како Тексас, Охајо и Канзас, кои со децении важеа за сигурни републикански територии. Џејмс Таларико е првиот демократ од Тексас што освоил место во Сенатот  во последните 38 години, но уште поневеројатен е резултатот  во Канзас, каде  Адам Хамилтон стана првиот избран демокат за сенатор  по речиси 100 години. 

Луѓето ме прашуваат: ’Како се случи ова? Како можеше еден демократ да победи во Канзас?‘ – држава која е длабоко ’црвена‘ (републиканска). И тоа за првпат по речиси еден век, особено во држава каде што само 25% од населението се демократи. Како се случи тоа? Па, ќе споделам со вас дел од одговорите на тоа прашање. Пред сè, сакам да кажам дека, според мене, жителите на Канзас – републиканци, независни и демократи – порачуваат дека она што се случува во Вашингтон не е во ред. Тоа е она што го велат, порача Хамилтон. 

Меѓуизборите во САД го донесоа и првиот муслимански сенатор  во  историјата на земјата. Станува збор за демократот  Абдуал Ел Сајед кој победи во Мичиген.

Исходот од изборите го означува крајот на периодот во кој републиакнците   истовремено ги контролираа Двата дома на Конгресот и Белата кука.    Демократите ќе го контролираат законодавниот дом   во преостанатите  две години од мандатт на претсдателот  Доналд ТРамп, шти значи дека  моќностите на Трамп  да  ја спроведува својата законодавна и политичка агенда се драстично органичени. 

- Ќе имате Конгрес кој е свесен дека ние не работиме за претседателот, не работиме за потпретседателот, ниту пак за Врховниот суд. Ние работиме за сите вас – за американскиот народ.

- Велам дека наш главен приоритет мора да биде решавањето на најголемиот проблем за американскиот народ – високите трошоци што им ги наметна Трамп. Второ, мора да се зафатиме со корупцијата. Ова е најкорумпираната администрација во американската историја.“

Трамп не ја оспори валидноста на резултатите од изборите и рече дека со нетрпение очекува да соработува со демократите, но дека ќе го искористи своето право на вето доколку е потребно. Во синокешноот интервју за Фокс Њуз, американскиот претседател  призна дека војнаат во Иран и  повисоките цени на горивата одиграле улога кај гласачите.