Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
Само со компромис и нудење решенија, Македонија може да се приближи кон Европската Унија. Вториот човек на НАТО, заменик генералниот секретар Шеќеринска за Сител вели дека сме многу пасивни, чекаме некој друг да ни го реши проблемот, без да понудиме решенија. Во политиката, тој што е побрз, тој победува. Ни Брисел, ни Вашингтон, ни Берлин нема да ни решат нашиот проблем, ако нема консензус меѓу нас и ако сме пасивни.
Секој ден се гради консенус.Тој што ќе понуди повеќе решенија, тој што е побрз- тој ќе победи .Ако излеземе од таа пасивност и од таа поделба, можеме да победиме, изјави Радмила Шеќеринска, генерален секретар на НАТО
Успехот кој земјата го постигна со членството во НАТО, треба да ни биде мотив и за побрзо членство во Унијата За да не бидеме држава која не ги искористила шансите , според Шеќеринска, мора да постигнеме договор за клучните прашања меѓу себе внатре во земјава.
Цела држава ни е поделена на ние – вие, наши-ваши, а за најголем дел од темите ја делиме истата загриженост. Мора дома да одлучуваме. Треба да бараме поддршка од Брисел, но да имаме договор меќу самите нас. Работите мора да се решаваат. За некои работи мора да се расправме, но мора да направиме согласност. Не се компромиси, туку како да ја туркаме државата напред.
Во Извештајот на Еврсопската Комсисија денеска беше нотирано дека земјата ги продолжува техничките подготовки за членество., но нема напредок безј клучниот услов , а тоа се уставните измени. Без промена на уставот, не е можен следен чекор во преговорите со Унијата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
