„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
Одговорност кај институциите за пропустите, враќање на поимите род и родова еднаквост во законите, враќање на сексуалното образование и разрешување на фунцкионерите кои ги оправдуваат насилството или поттикнуваат контрола врз жените.
Ова се барањата на неформалната граѓанска иницијатив „Ниту една повеќе“ на денешниот протестен марш по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци.
Неколку стотици луѓе маршираа од Собранието, пред Министерството за правда, до Нова Македонија, кадешто е сместено Министерството за образование.
Телото на Билјана Кириќ беше пронајдено во средата во запалено во автомобил.
Нејзиниот убиец, 21-годишниот Виктор Гунтаров извршил самоубиство откако го запалил возилото.
Билјана го пријавила Виктор на 30 септември за физички напад.
Тој бил приведен и против него била поднесена кривична пријава.
На 16 октомври, по предлог на Центарот за социјална работа, судот изрекол мерка за заштита на Билјана.
Но, тоа не беше доволно за да се спаси тинејџерката.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
