Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
Претседателката Давкова, премиерот, гувернерот,министерката за финансии,.вицегувернерите, јавниот обвинител, директорите на Агенцијата и Управата за финансиско разузнавање, членови на менаџерскиот тим на Алта банка, но и поранешниот гувернер Гошев, екс градоначалничката Данела Арсовска, Миле Зечевиќ, поранешната министерка за финансии Анѓеловска и Труфун Костовски, се најдоа на листата поканети говорници, кои брои над 30 члена на Надзорната Комисија за алта банка.
Формирана по предлог на СДСМ, закажана од ВМРО ДПМНЕ, расправта ќе почне утре. На неа ќе се бараат одговори, кој е виновен за состојбата и што ќе се случува со банката.
Лидерот на опозицијата и денеска го праша премиерот „Во кое својство преговара и бара купувачи за Алта банка? Зошто премиерот најавува продажба, кога постапките се во надлежност на Народната банка. Дали веќе се најдени најмалку две банки, за да се организира лицитација на аукцијата која ќе следи и кои се тие банки. Најдени ли се тие банки или целокупната законска обврска на Народна банка ја презел Христијан Мицкоски? Знае ли тој кои банки се тие. Избрани ли се банките коишто ќе учествуваат на аукцијата? Ако се избрани, зошто не ги знаеме? Ако не се избрани, како тој и во кое својство ги бара и ги најавува. Дали 80 милиони евра биланс на Алта банка тука во Македонија ги има? Дали банката ги има парите? Дали граѓаните, фирмите, сите јавни претпријатија коишто ги притискале и премиерот и министерката за финансии да ги препродадат акциите во Алта банка го имаат својот капитал или не? Тоа е прашање на коешто треба да се одговори“, нагласи Филипче.
Според Филипче , искуствата во европските земји покажуваат дека анализите на сериозни банки пред да купат друга банка, траат најмалку два до три месеци, а не како кај нас, само 10 дена.
Од владејачката ВМРО ДПМНЕ им возвратија дека Филипче е нервозен, затоа што власта најде решение за Алта. Банката ќе биде спасена и ќе продолжи да функционира, со што на опозицијата и паѓаат во вода црните сценарија за пропсат.
- Нервозата на Филипче е очигледна. Наместо да поздрави решение кое треба да придонесе за стабилноста на финансискиот систем и сигурноста на граѓаните, тој повторно се обидува да шири политички конструкции, да создава недоверба и креира црни сценарија. Очигледно е дека проблемот на Филипче не е во решението за Алта банка, туку во тоа што оваа Влада покажува дека проблемите можат да се решаваат, наместо да се оставаат граѓаните да ги плаќаат последиците како во време на СДС, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
