Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
Невладина организација од Македонија е ставена на терористичка листа од египетската држава.
Исламик Јут асоциејшн Islamic Youth Association е организацијата која е наведена како членка на FEMYSO европска мрежа на младински и студентски муслимански организации.
Кривичниот суд во Каиро официјално ја прогласи за терористичка организација на 10 ноември како дел од листата 35 терористички организации.
По ова во македонската јавност се отворија низа прашања дали македонските власти се запознаени со дејноста на оваа организација и дали истата претставува терористичка закана за земјава.
Според називот објавен од Египет, невладината организација е регистрирана во 2000 година во Скопје.
Ги побаравме за став но на телефонските броеви не беа достапи за коментар.
Од МВР велат дека вакво здружение не е евидентирано во нивната служба.
Министерството, во рамки на своите законски надлежности, континуирано ја следи безбедносната состојба и постапува согласно сознанијата и информациите со кои располага.
Инаку Египетските власти воведоа финансиски санкции, замрзнување на имот и забрана за активности поврзани со египетски субјекти за период од 5 години.
На листата се најдоа и 36 поединци како терористички ентитети.
Официјално Каиро ги поврзува овие тела со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни.
Меѓу организациите што се најдоа на листата е и Советот на муслиманите на Европа, заедно со неговите ограноци, како и повеќе исламски здруженија што дејствуваат во Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Шведска, Швајцарија и други европски земји.
Ваквата одлука на египетската држава нема правна или обврзувачка тежина за другите држави ниту пак автоматски значи дека организацијата има каков било терористички статус надвор од Египет.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
