Loading Video...
Свет
12. November 2026 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф пристигнаа во Москва денеска на разговори со претседателот на Русија Владимир Путин по трилатералните разговори меѓу САД, Русија и Украина што се одржаа во Абу Даби, прва таква средба за девет месеци. Тие беа пречекани на московскиот аеродром од специјалниот пратеник на Путин, Кирил Дмитриев.

Трилатералните разговори во кои учествуваа Русија, САД и Украина завршија во среда во Абу Даби, при што Русија и Украина се согласија за размена на затвореници од големи размери. Деталите за размената ќе бидат објавени наскоро и како  и тоа дека преговорите ќе продолжат.
Точниот број на затвореници ќе биде финализиран во четврток.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека многу зависи од тоа како САД ќе пристапат кон Москва. Двајцата американски претседателски претставниц ќе се сретнат и со Зеленски .

Демонстрантите се собраа во Атина во средата за да протестираат против високите трошоци за домување, покажувајќи поддршка за работниците во Шпанија кои организираа генерален штрајк. Демонстрантите рекоа дека Грците се борат со високите кирии, како и со недостатокот на прифатливи станови.
Цените за купување домови и за изнајмување во Грција драстично се зголемија, при што Грците, особено младите парови и студентите, се борат да најдат прифатливо сместување и принудени се да живеат со своите родители. Грците велат дека сегашната минимална плата, од 920 евра, сè уште не е доволна за да ги покрие зголемените трошоци за живот.

Демонстрантите запалија огномет, запалија барикади и кршеа излози на продавници во Барселона и во Мадрид во средата за време на демонстрациите поради влошувањето на кризата со достапноста на домување во Шпанија.
Според Синдикатот на закупци во Барселона, повеќе од 400 луѓе учествуваа во протестот, кој беше дел од националниот генерален штрајк на помалку од три недели пред предвремените избори во Шпанија. Штрајкот е поддржан од двата најголеми синдикати во Шпанија, кои претставуваат повеќе од еден милион работници, како и здруженијата на закупци кои се лути поради зголемувањето на кириите и иселувањата.