Македонија
12. November 2026 - 16:33

Ана и Игор Дурловски на заеднички концерт: Два светски гласа – еден „Завет“

Два оперски гласа, сто македонски музичари и една сцена на која ќе се сретнат филмската музика, оперските ремек-дела и македонското музичко наследство. Ана и Игор Дурловски следниот месец ќе го одржат својот најголемиот концерт досега во Македонија, насловен „Завет – од светот до изворот“. Според најавата, на двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ги презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на Ана Спасовска.

„Програмата што се однесува е прилично разновидна, невообичаено разновидна. Од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love,  Sia до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да се вратиме дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од Tрст виа Скопје, па на крај сите заедно да си спомнеме за “Дејгиди луди млади години”. На почеток ќе се запрашате како, но ќе ви кажам како уметник како музичар, дека заедничкото кај овие музичари е што имаат чиста емоција и начинот на којшто тие ја обработуваат“, изјави Ана Дурловски, оперска пејачка. 

На концертот ќе бидат придружувани од големиот симфониски оркестар Ајга.

„Со оркестарот Ајга, имаме веќе подолго време соработка, тоа се врвни инструменталисти. Тоа што посебно ме радува кај овој оркестар е дека е составен од голем број млади уметници, на којшто лично сметам дека треба повеќе простор да им се отстапи на уметничкиот подиум“, додаде Ана Дурловски.

Концертот ќе се одржи на 6-ти декември, во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје, со почеток во 20 часот.