СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
СДСМ бара Обвинителството да го гони гувернерот Славески за Алта банка. По кривичните пријави кои Народната банка ги поднесе против раководството на СДСМ, од Бихаќка возвраќаат.
СДСМ шири паника, врати владејачката партија. Оттаму на прес конференција објаснија дека во моментот кога Алта банка влегла во Македонија, веќе имала околу 10% акции во рајфајзен банката во Австрија.
Со судски постапки денеска се закануваше и ДУИ. Партијата побара извинување од владејачкото мнозинство за обвинувањата поврзани со Алта банка. Постави рок до утре по што најави тужби.
Во Вреди и денеска ги повторија обвинувањата и побараа оставка од Ахмети.
Вчера во Собранието почна надзорната расправа за Aлта банка а пред пратениците одговараше премиерот, гувернерот и министерката за финансии. Продолжението на надзорната расправа треба дополнително да биде закажано.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
