На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
Сензори за сите лица со дијабетес Тип 1, редовна современа терапија и медицински помагала, подостапни нови антидијабетни лекови во аптеките како и термини за специјалист за да се спречат компликации. Ова се приоритетите на пациентите кои им ги посочија на здравствените власти на светскиот ден. Во Македонија се регистрирани околу 135.000 лица со дијабетес, од нив 4000 се со тип 1. Во моментот сензори имаат 800 –тини, сите деца и млади до 25 години, но од Сојузот на здруженија побараа да бидат вклучени и лицата со висока ампутација, тие кои имаат последици од дијабетична ретинопатија, но и трудниците со гестациски дијабетес.
- Да почнеме да се дополнуваме, тој број колку што може да се зголемува да стасаме до 80 проценти покриеност за две, три години со сензори и инсулински пумпи, кои се медицински индицирани и се и треба да се поставуваат на лицата со Тип 1, изјави Димче Велев, престедател на СЗДМ
И за министерот здравство следењето на дијабетесот треба да биде приоритет.
- Го подржувам и ќе работам на барањето на Сојузот да сите идентификувани лица со Тип 1 добијат соодветно следење на гликемијата во следните 3 години, според ризизича група и соодветни критериуми, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Во однос на барањето за подостапни прегледи кај специјалист за да се превенираат компликации, директотот на Клиниката за ендокринологија смета дека пациентите не се соодветно упатени од матичните и ги зафаќаат термините.
- Секој пациент со коморбидитети бара мутидисциплинарен пристап. Ке дискутираме како да го намалиме непотребното упатување до терциерното здарвство. Примарното здравство треба малце повеќе да се вклучи во менаџирањето на дијабетесот без компликации, изјави проф. д-р Ирфан Ахмети, директор на Клиниката за ендокринологија и претседател на Националната комисија за дијабетес.
Ендокринологот посочи и дека окиолу 40.000 лица во Македонија имаат дијабетес, ама немаат дијагноза, што е клучно да се почне со соодветен третман за да се намалат ризиците од компликации.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
