Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
Новата шефица на ОЈО ГОКК ИСкра Хаџи ВАсилева ќе продолжи да го води случајот против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Во тема на денот на Сител вели дека случајот е при крај со доказите и не гледа потреба сега да се повлече. Ваквите случаи со гонење на висока корупција во кои се вмешани државни функционери според неа секогаш покажуваат метастази на системот и тргување со влијанија.
Децидан е дека во случаите со семејно насилство и насилство врз жени во кои се инволвирани и полицајци со специјалното одделение ќе инстираат на кратки рокови за обвиненија.
Хаџи Василева, потврди дека Обвинителството врши прелиминарни проверки на финансиските текови поврзани со случајот „Алта банка“. Вели дека според досега познатите информации, не е настапена штетна последица за граѓаните и државата.
Немањето доволно обвинители е најголемиот предизвик за да се врати јавната доверба кон обвинителкството, децидна е новата шефица на ОЈО ГОКК. Оптимист е дека состојбата може да се промени. Во тек е постапка за уште тројца обвинители кои ќе бидат во тимот на Хаџи Василева, на оние 11 кои веќе се таму. Уверена е дека селекцијата која треба да ја направи Советот на ЈОќе се базира на мерит систем.
Во однос на новиот Кривичен законик, убедена е дека генерално ке го зголеми квалитетот, но смета дека зголемувањето на казнената политика не е драконска.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
