3.243 прекршоци регистрира „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Охрид
3 243 прекршоци регистрирале камерите на системот Безбеден град на подрачјето на СВР Охрид од неговото воведување од 12 септември.
Најголем дел се за брзо возење каде се регистрирани 2.813 прекршоци, по што следуваат за минување на црвено светло 339 и за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола 91.
Најголем број прекршоци има на автопатот Охрид- Кичево каде има зголемување на брзината која ја регистрираат камерите и каде се изречени најголемиот број на казни.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Оттаму посочуваат дека системот „Безбеден град“ има цел да придонесе за подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
