Македонија
24. November 2026 - 16:30

Клековски го осуди нападот врз екипата на Брза помош и рече дека невозможно е да има секаде физичко обезбедување

Невозможно е да има физичко обезбедување секаде и во сите екипи на Брза помош, рече министерот за здравство по нападот на лекар и медицинска сестра од татко и син пред пунктот во Поликлиниката “Јане Сандански”. Клековски го осуди инцидентот и посочи дека физичка заштита за здравствените работници во сите установи која ја побараа од Здружението на лекари специјализанти е оправдана само на одредени места.

-Додека бев директор на Фондот за здравствено осигурување, го пренасочив сопственото обезбедување во Букурешт, во Комисијата за боледувања, бидејќи, членовите на Комисијата беа постојано под притисок од незадоволни пациенти. Сметав дека таму е потребно поголемо обезбедување отколку тоа што ми е потребно мене. Значи, да, можеме да обезбедиме некои точки, меѓутоа, не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државава во полициска држава, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.

Од Сојузот на здруженија на медицински сетсри сметаат дека со добра системска поставеност нема да се случуваат напади врз медицинските лица.

-Значи ако системската поставеност ве штити во здравствените институции и вие сте доволни на број, имате доволно возила и екипи и не мора да вршите дополнителни административни работи и можете во моментот, автономно самостојно да одлучувате, зошто некогаш можете да одлучите за добротоп на пациентот , а после и за истото да одговарате зошто никаде не пишува дека сте смееле да го направите, изјави Гордана Бешлиовска, од Сојузот на здруженија на медицински сестри, предводен од „ЗА НАС“.

Нападот врз докторот и медицинската сестра од скопската Брза помош се случил во саботата пред пунктот во Аеродром додека се подготвувале да заминат на друга интервенција.  Во меѓувреме дошол 41 годишен маж и барал помош за неговиот татко кој испил некое хемиско средство.

Лекарот кога видел дека е на нога и не е во животозагрозувачка состојба ги упатил да продолжат на Токсикологија. Но, наместо на клиника двајцата ја нападнале екипата со тупаници. Потоа со две амбулантни возила повредените медицински лица, но и таткото- пациент завршиле на Клиничи, а синот во полициска станица.

Оваа кривично дело го осудија и од Лекарската комора и од Самостојниот синдикат за здравство.