Две верзии за двојното убиство и самоубиство во Волково
Крвав крај на љубовна драма во Волково. Тројца мртви, мајка и ќерка и убиецот кој сам си пресудил.
Вработен во МВР неколку минути по 19 часот влегол во домот на неговата љубовница и расправијата одлучил да ја реши со пиштол.
Ги застрелал, а потоа и сам си пресудил. Полицијата потврди дека двојното убиство и самоубиство е пријавено околу 19.40 часот.
Увидот на улица „ 103“ уште е во тек.
Две верзии за сега како неофицијални. 45-годишниот жител на Волково кој работел како магационер во МВР ги убил својата љубовница и нејзината мајка. Дел од жителите на Волково велат дека била застрелана мајката на неговата љубовница и нејзината баба. Никој не знае која била причината да посегне по оружјето.
Двете куќи кои се наоѓаат на иста улица вечерва беа полни со луѓе. На тензичната атмофера сведоци беа и соседите.
Полицијата официјалните детали ги најави по завршувањето на увидот кој веројатно ќе трае до доцна во ноќта.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
