Мониторинг мисија на ПССЕ: Бојкотот на СДСМ е спротивен на демократските вредности
Жалиме за одлуката на СДСМ да ги бојкотира изборите и сме загрижени поради позициите на албанските партии, пишува во своето соопштение делгацијата на ПССЕ која изминатите два дена беше во пред изборен мониторинг во Македонија. Претставниците нa делегацијата оценуваат дека токму лидерите на политичките партии одлучиле дека предвремени паралментарни избори се единствена пат за излез од кризата, а сега земјата е доведена во ситуација која не може да продолжи и понатаму со постојано одложување на веќе променетиот датум. Тие апелираа до политичките претставници во земјата да им го овозможат правото на избор кое го имаат граѓаните.
- Ние сме сериопзно загрижени за состојбата во земјата. Нема соработка помеѓу политичките партии и не се размислува за иднината на земјата. Изборите се единствен излез од кризата, но мора да бидат реализирани избори на учествуваат сите партии, порача на денешната прес конференција Стефан Шенах, шеф на делегацијата на ПССЕ.
- Учеството на изборите за политичките партии е право но не и обврска, но тие имаат обврска кон избирачите да и обезбедат алтернатива. Ги повикувам сите политички партии да учествуваат на изборитедури по да не е се кристално јасно за да влезат во парламентот и таму да ги решаваат проблемите. Изборите се единствен начин за излез од кризата, вели Лиза Кристоферсен, член на делегацијата.
Претставниците на ПССЕ порачаа дека избирачкиот список мора да биде најсветиот документ во процесот, и да се остават настрана политичките препукувања за проблемите кои ќе мора да се решаваат по избори. Тие апелираа да се почитуваат институциите на државата и упатија апел до претседателот итно да ја повече одлуката за прекин на постапките против политичките претставници и нивните соработници. Членовите на мисијата на ПССЕ се надеваат дека во идните неколку дена ќе се успее во целта да се постигне договор, да се реализира потпишаното во Пржино, а по оценката на ДИК на 20 мај да се одржат и фер и демократски избори на веќе утврдениот датум 5ти јуни.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
