Хојт Ји: Итно да се поправи штетата од аболицијата на јасен, целосен и недвосмислен начин, без селективност!
Итно повлекување на помолиувањата и реализација на превземените обврски за спорведување на потребните реформи, ова е барањето по средбата со лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино на заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји.
Делумното повлекување на одлуките за прекин на кривичните постапки ќе фрли само дополнителна сенка врз и ќе ја наруши уште повеќе сликата за Македонија како земја во која не функционира владеењето на правото и нема одговорност.
Одлуката на Иванов била во фокусот на неговите средби, како итна потреба за надминување и продолжување на натамошниот потребен процес. Ји порача дека за меѓунаордната заедница не е важен составот и форматот на македонската Влада туку реализацијата на превземените обврски.
- Многу е важно лидерите итно да делуваат за да се поправи штетата предизвикана од оваа аболиција и тоа да го направат на јасен, целосен и недвосмислен начин и што е можно поитно. Без оглед на составот на владата или нејзиниот формат, ние бараме акттивност, а не зборови, дела, а не ветувања. Сакаме да видиме прогрес во однос на обврските преземени од Пржино и други договори со цел да се осигураме дека земјата може да ги постигне потребните услови не само за интеграција туку и за одржување слободни и кредибилни избори што е можно поскоро штом се создадат услови за нив, рече америкнаскиот заменик помошник државен секретар.
За заменикот помошник државен секретар само заедничка работа може да донесе конкретни резултати. Тој ги повика и лидерите и партиите и граѓаните да се вклучат во процесот.
- САД се убедени дека Македонија има човечки ресурси за да излезе од оваа криза, има поддршка од меѓународната заедница, вклучувајќи ги и Соединетите Држави, има можност да се врати на патот на евроатланстките интгерации. Она што е неопходно во моментов е секој во земјата почнувајќи од политичките лидери, партиите, сите институиции, цивилното општество, медиумите, да работат заедно за да се обезбеди дека се спроведуваат неопходните реформи и дека политичарите, сите лидери, членовите на бизнис заедницата се сметаат за одоговорни и дека се почитува владеењето на правото. Се додека работите на овие цели може да сметате на продолжување на поддршката од САД, порача Ји.
Хојт Брајан Ји покрај со лидерите на четирите политички партии во дво дневната посета имал средби и со претставнците на дипломатскиот кор во земјава. Од стартот на политичката криза, во изминатите 13 месеци ова е негова трета посета на Скопје.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
