Македонија
25. May 2025 - 13:38

Ноќва возач излетал од коловозот кај порта Македонија и удрил во тенда од продавница

Денеска (25.05.2025) вo 00.20  часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. По несреќата, возилото се запалило, при што од страна на полициски службеници било интервенирано и огнот било изгаснат.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.