Норис и Леклер најбрзи на тренинзите за ГН на Австралија

Возачот на Мекларен, Ландо Норис и возачот на Ферари, Шарл Леклер беа најбрзи на денешните тренинзи во Мелбурн, пред трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија.
Норис беше најбрз на првиот тренинг со резултат 1:18.564. Втор беше актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 0,018 секунди, а на тренингот го оштети подот на својот болид. Третото место го зазеде Џорџ Расел од Мерцедес со 0,033 секунди заостанување.
Првиот тренинг беше прекинат во завршните 20 минути, откако возачот на Вилијамс, Алекс Албон, удри во заштитниот ѕид во свиокот осум и го оштети болидот.
На вториот тренинг најбрз беше Леклер со резултат 1:17.277 минути, втор беше Верстапен со 0.381 секунди, а трет Саинц со 0.430 секунди.
Возачите на Астон Мартин Ленс Строл и Фернандо Алонсо ги освоија четвртото и петтото место, а шести беше Џорџ Расел од Мерцедес.
Третиот тренинг се вози ноќта помеѓу петок и сабота, квалификациите се закажани за в сабота од 6 часот по средноевропско време, додека трката за Големата награда на Австралија се вози в недела од 5 часот.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
