Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки
Суд во Норвешка осуди лекар на 21 година затвор за силување и сексуално злоставување десетици жени.
Поранешниот гинеколог Арне Баје (55) е осуден по 70 точки за силување и сексуален напад. Тој е осуден и по 82 точки за злоупотреба на лекарската функција, според норвешките медиуми.
Речиси сите злосторства се случиле за време на медицински прегледи што Баје ги вршел врз своите пациенти додека работел како лекар во малиот норвешки град Фроста – заедница со помалку од 3.000 жители во периодот од 2004 до 2022 година.
На Баје му е забрането и да се занимава со медицина и му беше наредено да плати отштета.
Судот расправаше за обвинението, кое вклучуваше обвинувања од 94 жени за речиси две децении, јавија норвешките медиуми. Во ординацијата тој тајно поставил камера со која ги снимал пациентките.
Баје се изјасни за виновен за некои од злосторствата. Судот ја читаше пресудата повеќе од еден час.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?