Македонија
7. јуни 2025 - 17:07

За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости

И овој празничен продолжен викенд главниот туристички центар  исполнет со гости.Бројните посетители го искористија убавото сончево време за прошетка покрај езерото, чаршијата ,стариот дел на градот но и кафе или ручек во некој од познатите охридски кафе барови или ресторани воодушевени од она што го нуди градот.

Туристичките водичи велат дека Охрид со своите прирордни и културни убавини останува  примамлива дестинација за туристите.

Од туристичкиот сектор се оптимисти велат добрата исполнетост на хотелите и во приватното сместување за празниците ветува успешна летна туристичка сезона со  гости од сите краеви ширум светот.