Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија

Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 2:0 синоќа во Љубљана од Словенија во вториот дуел од групата од Лигата на Нациите. По првиот дел во кој домаќинот беше подобар ривал, головите беа постигнати во вторите 45 минути.
Словенија поведе во 52.минута преку Санд Ловриќ, кој ја казни грешката на нашата одбрана. Во продолжението селекторот Гоце Седлоски направи измени во составот, но не успеавме да дојдеме до шанса за гол. Словенија вториот гол го постигна по контранапад, а стрелец беше Аљоша Матко. Македонскиот тим првиот удар кон противничкиот гол го имаше во 83.минута преку Христијан Малески, но неговиот удар Јан Облак го одбрани.
Македонската репрезентација одигра уште еден натпревар без постигнат гол и ја продолжи серијата натпревари без триумф.
Во вториот дуел од групата Швајцарија ја победи Шкотска како гостин со 3:0.
На чело на табелата во Б1 групата од Лигата на Нациите е Швајцарија со 6 бодови, Словенија има 4, Шкотска 1 и Македонија е последна без бод.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра на домашен терен со Шкотска на 3.октомври (сабота).
МИА
Ново на Сител
-

Илиески: Се загушува гласот на младите бидејќи политичарите немаат капацитет да одговорат на нивните барања
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Спасе Јанев, директор на Здравствен дом „Железничар“
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
