Нов протест пред грчкиот Парламент за железничката несреќа
Стотици граѓани организирани од здруженија, работнички центри, синдикати, студентски здруженија вечерва повторно се собраа пред грчкиот Парламент додека во тек е расправата на пратениците и гласањето по предлогот за предлогот за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.
Граѓаните и овојпат бараат правда и казна за виновниците за несреќата, а и денеска исто како и во средата на плоштадот пред Парламентот непосредно пред споменикот на Незнајниот војник, каде што веќе подолго време со црвена боја се испишани имињата на загинатите, поставија свеќи кои го обликуваат бројот 57, односно бројот на жртви.
Паралелно во Парламентот во тек е расправата за недоверба на Владата, гласањето ќе биде доцна вечерва, но не се очекува предлогот од четирите опозициски партии да добие зелено светло од пратениците, со оглед на тоа за да помине предлогот, потребно е да биде изгласан со најмалку 151 глас, а владејачката Нова демократија има мнозинство од 156 пратенички места од 300 пратеници.
Протест имаше и во средата, на првиот ден од расправата во Парламентот, а по завршувањето на официјалниот дел се случија сериозни инциденти меѓу групи маскирани лица и полицијата.
Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот