Македонија
23. December 2021 - 16:43

Нов закон за дивоградби - ќе се легализираат дивите куќи и викендици на Шапка и во Леуново

Ќе се легализираат дивоградбите на Попова Шапка, Маврово, односно Леуново, како и платформата на Матка. Ова го предвидува новиот Закон за легализација на диводраградби, за кој власта тврди дека е скроен по терк на сите. На Попова Шапка има околу 90 викенд куќи изградени без дозвола, и уште толку во Леуново, Маврово.

– Тие кои се наоѓаат во зона за одржливо користење и заштитениот појас на подрачјето може да се легализираат. Нормално дека Попова Шпка е во заштитениот појас бидејќи ние имаме студии со кои ќе се развие Попова Шапка да биде еден ски-центар и да имаме добра инфраструктура таму за туризмот – рече Нуредини на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која го презентираа новиот закон за легализација предложен од Владата.

Нема да може да се легализираат дивогрдабите во строго заштитените подрачја, каде има природни резервораи, национални паркови,  градското јадно на Охрид, заштитени подрачја на државни и локални патишта, гранични премини, археолошки локалитети. Изземени од легализација се и станбени згради, базени, гаражи. Новина во законот е што ќе ги опфати сите дивогрдаби изградени до 1 јануари годинава, а цената која ќе се плата е скалеста.

 До 80 метра комуналии плус 50% казна, над 80 метри кавдарди 100 посто зголемени комуналнии.

Сите кои граделе без дозвола ќе можат да поднесат барање за легализациај 6 месеци откако ќе се изгласа Законот во Собранието. Ослободени од плаќање ќе бидат семејствата кои земале по 15 илјади месечна плата, како и верските објекти, кои за легализациај нема да платат ништо. Инаку ова е втор обид годинава да се  донесе Законот за легализациај на дивогрдаби, откако првиот пат, иако беше изгалан во Собраниерто, и од власта и од опозцијата. Претседателот Пендаровски не го потпиша. Тврдеше дека се ставаат во нерамноправна положба. За него спорни беа два член – можноста за легализација на објекти во заштитени подрчја и за амнестија на сите кои граделе бесправно.