Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
Секторот за внатрешни работи од Охрид информира за зачестени доставени пријави од граѓани за добиени СМС-пораки со известувања за евиндентирани сообраќајни прекршоци.
Според полицијата, граѓани добивале пораки на нивните мобилни телефони, наводно испратени од Одделението за моторни возила при МВР со известување за безбеден град дека нивното патничко моторно возило било евидентирано за сообраќаен прекршок.
Притоа, на лицата им биле давани насоки на која електронска адреса можело да се видат деталите за наводниот прекршок, со повик да ја платат казната во рок од осум дена за истата да биде намалена за 50 проценти.
Оттаму од СВР – Охрид се известуват граѓаните дека станува збор за лажни пораки што се класичен обид за измама со цел противправно стекнување парични средства.
Полицијата апелира на внимателност, лицата добиените пораки и линкови да не ги отвораат, да не го контактираат испраќачот, да не споделуваат лични податоци и да не вршат уплата на парични средства.
Ново на Сител
-

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме
-

СДСМ: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено
-

ИКС промовираше нов документ за јавна политика: Медиумскиот еко систем и СММИ
-

Поплавите предизвикаа штети на земјоделските површини
-

Преглед на вестите од светот
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
