-->
-->
Нова слаломска победа за Шифрин
-->

Американката Микаела Шифрин победи на денешната вечерна трка во Семеринг. Таа по првата трка беше пласирана на четвртото место, но со извонредното второ возење стигна до петтата слаломска победа во исто толку трки. Шифрин имаше вкупно време од 1:48.82 минута.
Со второ време заврши Камила Раст од Швајцарија, која беше водечка по првата трка, но имаше грешка во второто возење и заостана девет стотинки зад победничката. Третопласирана е Лара Колтури (Италијанка која настапува за Албанија).
Шифрин е водечка во слалом со максимални 500 поени, додека во генералниот пласман е лидер со 698 поени.
Следните натпревари во алпско скијање кај жените ќе се одржат на 3 и 4.јануари во Крањска Гора.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
