Нови 5 дестинации од скопскиот аеродром, „Луфтханза“ и „Визер“ добија 5 милиони евра субвенции
За 10 дена, 10 пати неделно со Луфтханза ќе се лета евтино до Франкфурт. Виз Ер воведува 4 нови дестинациии – Љубљана, Салцбург, Луксембург и Штудгарт. но од 1 ноември. Двете авиокомпании добија субвениции од Владата - 5 милиони евра за 3 години или по 7 евра од превезен патник. Авиокомпаниите ќе бидат обврзани кон овие дестинции да сообраќаат уште 3 години по истекот на субвенциите
„Луфтханза“ и „Виз Ер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршувањето на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенции. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ што го добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да ѝ плаќа, , изјави Благоја Бочварски, министер за транспорт
Ако има интерес за воведување нови дестинации, како Барселона на пример, која Виз Ер ја укина во 2021 та, Бочварски вели дека има дополнителни пари во буџетот. Би се објавил нов повик крајот на годината. До сега субвенции од државата користеше само Виз ер.
Инаку, во моментов од скопскиот аеродром услуги нудат 11 авиокомпани до 36 дестинации и 2 од охридскиот до 4 дестинации, Но, освен унгарскиот Визер, сите се комерцијални летови, чии билети чинат поскапо.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
