Нови лекови на позитивната листа ќе има од октомври - Први ќе се стават најургентните и тие што најмногу се трошат
Првите нови лекови на позитивната листа ќе бидат ставени во октомври, тврди министерот за здравство. После 15 години, неодамна беше формирана Комисија и во тек е постапката за апликации од страна на компаниите. Се уште не се објавува која терапија граѓаните наместо од свој џеб ќе можат да ја подигнат од аптека на товар на Фондот.
- Ние настојуваме и ќе настојуваме да бидат први тие што се најургентни, што во најголем број се трошат и што одат во придобивка на пациентите, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.
Во меѓувреме само вчера биле издадени над 1000 рецепти на 500-тини пациенти со хронични заболувања од страна на матичните за што претходно мораа да одат кај специјалист. Како функиционира реформата во примарното здравство Меџити денеска проверуваше во Поликлиниката Јане Сандански, каде пациенти со дијабетес му се пожалија дека и утринава немало ленти за мерење шеќер во крвта.
Во меѓувреме и во оваа Инсулинска аптека беа дистрибуирани ленти.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар