Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
Два брода биле нападнати со дронови во Црното Море, во близина на бугарскиот брег, при што едниот потонал, а другиот бил оштетен. Инцидентите ги потврди бугарскиот премиер Румен Радев, кој оцени дека станува збор за сериозна закана за безбедноста на пловидбата.
Бродот „Челзи 3“, кој пловел под малтешко знаме и бил во сопственост на украинска компанија, бил погоден од три дрона околу 1:30 часот по полноќ, на приближно 33 километри од бугарскиот брег.
На бродот се наоѓале 15 членови на екипажот, од кои седум Украинци и осум Азербејџанци. Сите биле спасени, а петмина добиле медицинска помош.
Вториот нападнат брод, „Азов Конкорд“, потонал на околу 17 наутички милји источно од бугарското крајбрежно место Крапец. Според првичните информации, спасен бил еден член на екипажот.

Бугарскиот премиер го осуди нападот, оценувајќи го како целосно неприфатлив, и најави разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Радев истакна дека засега нема јасни докази за тоа кој стои зад нападите, но посочи дека исходот ѝ оди во прилог на Русија. Тој најави и дека руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова, ќе биде повикана на разговор.
За инцидентите биле известени и претставниците на Бугарија во НАТО и Европската унија.
Нападите дополнително ја зголемуваат загриженоста за безбедноста во Црното Море, каде што воените активности и заканите за цивилната пловидба продолжуваат поради војната меѓу Русија и Украина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
