Новиот ајфон 12 ќе има и едно „скриено копче“
Ајфон паметните телефони, обично имаат две копчиња отстрана – едно за контрола на звукот и едно за рестартирање. Новиот Аајфон има и трето, „скриено“ копче…
Тајната е во новата верзија на оперативниот систем ИОС – 14-тата верзија на овој софтвер нуди неколку подобрувања, како што се уредување апликации во тематски папки, смалување на лентата што покажува дојдовен повик итн. Така, со лесно потчукнување на задниот дел на ајфон 12, ќе може да направите и низа други работи. Токму оваа одлика технолошките списанија ја посочуваат како „скриеното“ или „тајно“ копче што се активира и исклучува од менито за поставки. Целта е корисниците да имаат уште повеќе контрола над својот уред и да можат да го контролираат на дополнителен начин.
Со тоа, ќе може полесно да се влезе во менито, да се активира СИРИ, скриншот и неколку други, вообичаени наредби. Познавачите пренесуваат дека освен Епл, на слична функција работи и Гугл, со својот Андроид оперативен систем.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
