Македонија
25. December 2023 - 16:36

Обдукцискиот извештај останува тајна, како е убиена Вања ќе покаже обвинителниот акт

Причините  за тоа како настапила смртта кај 14г Вања и 74г Жежовски ќе се чува во тајност се до целосно изготвување на обвинителниот акт. Обдукцискиот извештај пред три дена беше испратен во Обвинителството.

Оттаму велат наодите се разгледуваат но извештајот нема да биде јавно објавен. Од судска медицина за Сител велат, сите анализи кои биле побарани од нив, се испратени до обвинителството. Ги демантираат информациите дека соопштиле јавно било каква информација поврзана со обдукцијата

За случајот со двојното убиство во притвор се пет лица повеќе од половина месец. Љупчо Палевски Палчо кој е првоосомничен е во екстрадиционен притвор во Турција. Нема информација ниту кога тој ќе биде спроведен во Македонија.

Правда и МВР испратија допис со кој побараа по  итна постапка да се заврши екстрадицијата. Но, можно е да поминат и месеци додека да одлучат турските власти дали и кога би го предале Палчо. Според законските процедури течат рокови за жалби, а постои можност тој да поднесе и барање за азил во Турција