Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани.
Вредноста на оваа набавка, како што соопоштија од Граѓанската иницијатива, изнесува изнесува 2.193.047 денари, средствата кои се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.
-Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица. Благодарение на секој поединец, компанија и пријател кој се вклучи со своја донација, успеавме да ја обезбедиме оваа донација. Воедно, голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 кои кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош. Солидарноста и хуманоста се силата што нè движи напред, порачуваат од Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани обезбеди 176 парчиња специјализирана компресивна облека наменети за преживеаните лица од пожарот во Кочани.
Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.
МИА
Ново на Сител
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен