Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик.
Државното јавно обвинителство соопшти дека во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбедил докази со кои „се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија“.
- На 26 декември 2024 година, пред просториите на Фондот на улицата „11 Март“ во Скопје, додека оштетениот ги извршувал своите работни задачи, пред влезот поминал обвинетиот кој бил агресивен. Тој со гнев и омраза го свртел погледот кон оштетениот и започнал да гестикулира и да извикува нацистички поздрави, да пцуе и да упатува навредливи зборови на германски јазик. Потоа се обидел да замине, но оштетениот веднаш пристапил кон полициското возило во близина и го пријавил. Кога полициските службеници му пристапиле на обвинетиот 59-годишник за да го легитимираат, тој продолжил да се заканува, па оштетениот почувствувал загрозување, несигурност и страв и се повлекол во просториите на музејот, наведува ЈОРСМ во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа
-

Руте: Главната цел на безбедносните гаранции е Украина никогаш повеќе да не биде жртва на напад
-

Без струја дел од општина Кисела Вода
-

Променливо облачно со магла во котлините, од утре дожд и постудено
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
