Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.
Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата.
Обвинителката Искра Хаџи Василева, во воведните зборови пред судот нагласи дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството.
-Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нѐ потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од нашето живеење, рече таа, додавајќи дека станува збор за директно, грубо барање мито од страна на директорот – износ кој бил предмет на преговори, а на крајот бил прифатен како минимален за да се изврши службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.
Хаџи Василева посочи дека обвинетите дејствувале од лукративни причини, со цел лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итна медицинска грижа. Таа истакна дека сведокот, кој е давател на доживотна издршка на пациентката, го пријавил случајот, а доказите кои ќе бидат презентирани пред судот јасно ги документираат коруптивните дејствија низ неколку сукцесивни настани.
Одбраната на обвинетите најави дека во текот на кривичната постапка ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски одредби кои произлегуваат од институцијата што ја застапувал обвинетиот Мухсин Арифи. Преку нив, како што посочија, ќе бидат отворени неколку правни прашања со цел да се докаже дека Арифи, како и Амити, не можеле, односно немале намера да извршат какво било кривично дело.
-Доказите кои ќе бидат изнесени и презентирани во понатамошниот тек од постапката, убедени сме дека ќе упатат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан, соопшти одбраната.
Судскиот процес го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков.
Судењето продолжува на 16 септември, во 13 часот.
МИА
Ново на Сител
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош
-
Руски напад во Запорожје: Убиена брачна двојка во село Омелник
-
28-годишник од Штип со закани по живот од едно лице во рок од една година изнудил 356.000 денари
-
Пожар зафатил лозје и градина со овошни и градинарски култури во кавадаречко
-
Гувернерот Славески најавува намалување на учеството при купување прв стан за граѓаните