Обвинителство: Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, како што соопшти денеска Обвинителството, заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско.
- Првиот осомничен, 38-годишен скопјанец, со автомобил со скопски регистарски ознаки ја пренесувал дрогата спакувана во четири големи црни патни торби. Вториот, 55-годишен жител на Кавадарци, во улога на „чистач” односно претходница со друго возило имал задача да предупреди за евентуални контроли, се наведува во соопштението.
На наплатната рампа полициски службеници забележале сомнително движење на автомобилот во кој била дрогата, а возачот на даден знак да застане за легитимирање, со голема брзина се дал во бегство кон Градско. Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
