Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
Дизелот по стара цена, бензините поевтини за 2 денари. Владата на вонредна седници одлучи да ја намали акцизата за 4 денари кај дизелот и 2 кај бензините. Продолжува и мерката за пониското ДДВ кај горивата од 18 на 10 отсто, а со Окта договорено е попустот од 2 кај бензините и 3 денари кај дизелот, да продолжи до крајот на април.
Мерките стапуваат на сила од утре на полноќ, и според премиерот Мицкоски, ќе придонесат да се зачува стандардот кај граѓаните. Иако за тројно е зголемена побараувачката на горива на бензиснките во пограничните региони, не се размслува за ограничување на количината која соседите ја купуваат.
-Во овој момент нема потреба од ограничување, има доволно количини и сметам дека е добро што им помагаме на соседите и тиа да го подобрат својот стандард, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
Ако кризата потрае, во опција е покрај намалеување на ДДВ од 5 на нула отсо кај основните прехранбени производи, повторно да се активира мерката - замрзување на маржи.
-И таа одлука да има продолжено дејство, однсно не кога ќе заврши мерката замрзати маржи, трговците веднаш да ги зголемат цените, за да го амортизираат она што претходно го изгубиле, туку да има продолжено дејство од неколку месеци, додаде премиерот.
За опозициската СДСМ мерките се задоцнети, недоволни и нема да имаат никаков ефект, затоа што спиралата на раст на цените, веќе започна.
-Кога ние предупредувавме, дека треба да се воведат навремено, како што тоа го направија многу земји во регионот, власта беше без слух, едноставно не нѐ послуша и затоа е оваа ситуација. Кризата ќе станува се потешка, граѓаните се повеќе ќе ја чувствуваат на својот грбот. За жал, власта е тотално неодговорна и заинтересирана само за себе и своите бизниси, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.
Иако мерките ќе имаат импликации врз буџетот, премиерот уверува дека за сега има доволно пари. Но ако, има потреба, веќе се преговара со домашни и странски банки за ново задолжување.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
