Македонија
14. July 2022 - 16:37

Обвинителството на Русковска и денеска остана без засилување

Обвинителството за организиран криминал и корупција и денеска не го доби потребното засилување. Празните четири места ќе почекаат да бидат пополнети на некоја од наредните седници на Советот на јавни обвинители, кога членовите ќе ги разгледаат темелно кандидатурите на пријавените шест кандидати. Според претседателот на Советот, во обвинителството на Русковска засега има доволен број обвинители за да ги решаваат предметите и нема да се претрпи голема штета бидејки и сдудиите ќе одат на одмор.  

На денешната седница на Советот членовите одлучија како в.д. виш јавен обвинител во Обвинителството во Штип да биде Тодор Витларов, во ОЈО Гостивар за в.д јавен обвинител мнозинството одлучи да биде Душица Димитриевска, а во кумановското обвинителство останува и досегашната јавна обвинителка Теута Бедиу, но како вршител на дејност.

Потребното мнозинство за јавни обвинители го добија кандидатите од обвинителствата во Дебар, Кочани, Кичево, Охрид, Радовиш и Прилеп.

( Неат Црој за во дебарското обвинителство, Борче Јанев во обвинителството во Кочани, обвинителката Менка Јаневска во кичевското обвинителство. Во ОЈО Охрид Никола Добрев ја доби поддршката од членовите на Советот за јавен обвинител, Билјана Стевчева во ОЈО Радовиш и обвинителката Маријана Илиевска за јавен обвинител во прилепското обвинителство.)

За вишото обвинителство во Битола, мнозинството на Советот одлучи изборот да биде одложен за некоја од наредните седници.